Започнува исплатата на финансиската помош за ранливите категории граѓани

од Stefanija Kuzmanovska
443 прегледи

„Владата предводена од СДСМ никого не остава сам во време на светска економска и енергетска криза. Започнува исплатата на финансиската помош за ранливите категории граѓани, за што пари се обебзедени од вториот пакет антикризни мерки што го реализира Владата предводена од СДСМ“, наведе на денешната прес-конфернција пртеничката Санела Шкријељ.

„Финансиска поддршка за пензионерите веќе започнува со исплатата на пензијата за месец декември.

Пензионерите со најниски пензии, односно пензии до 11.525 денари, месечно добиваат по 1.500 денари, за период од четири месеци, додека, пензионерите со пензии од 11.526 денари од 14.000 денари, добиваат помош од 750 денари месечно, за период од четири месеци.

Веќе утре ќе се исплати паричната помош за корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток, на правото на надоместок заради попреченост, надоместокот за попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои добиваат гарантирана минимална помош.

Овие граѓани четири месеци ќе добијат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно.

Корисниците на надоместокот за телесно оштетување исто така добиваат по 750 денари месечно, за период од четири месеци.

Во среда ќе биде исплатена и паричната помош за невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, од страна на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

И овие лица исто така ќе добијат финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.

На веб страниците на Министерството за труд и социјална политика, на Фондот за пензиско осигурување, како и на Агенцијата за вработување, секој ќе може да се провери дали е на списокот за добивање на финансиска поддршка и доколку не се пронајде, а сепак ги исполнува условите, може да поднесе приговор до Министерството.

СДСМ и во време на најголема економска криза останува посветена на поддршка на граѓаните во справувањето со последиците, за никој да не биде изоставен“, изјави Шкријељ.

Слични содржини