Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан денеска изјави дека војската на земјата влегува во следната фаза од војната во северниот дел на Газа, велејќи дека ќе премине од „интензивната фаза на војната“ на „различни видови специјални операции“.
„Блиску сме до следната фаза на северот, вклучувајќи го и градот Газа, каде израелските сили во голема мера воспоставија контрола“, кажал Галант во интервју за Волстрит журнал, пренесува Си-Ен-Ен.
Тој изјави дека израелските сили треба да го „земат предвид“ огромниот број цивили кои загинаа како резултат на офанзивата во Газа. Според него, израелската армија ќе мора соодветно да ја прилагоди својата тактика.
„Ќе биде потребно извесно време, но нема да се откажеме“, рекол Галант.
Повеќе од 23.000 луѓе се убиени во израелските напади врз Газа од 7 октомври, од кои 70 отсто се жени и деца, наведуваат од палестинската милитантна група Хамас.