288
На вчерашната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче најави дека од денеска започнува со работа лабораторијата во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
-Со капацитет од 100 тестови за Ковид-19, лабораторијата ќе биде наменета за сите анализи. Сметам дека практично времето на чекање на резултат ќе биде не повеќе од еден ден со активирање на оваа лабораторија, изјави Филипче.