Започнува судењето против Мухамед Зеќири

од Nikola Popovski
168 прегледи

Денеска во Основниот кривичен суд-Скопје треба да започне судскиот процес против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој е обвинет за злоупотреба на службената положба.

Зекири се товари за незаконско склучување консултантски договори со кои го оштетил државниот буџет за нешто преку 1,45 милиони евра. Предмет на договорите биле „Македонска пошта“ и „Железници на РСМ Транспорт АД Скопје“

„Имено, на 04.05.2021 година, обвинетиот, без да спроведе постапка за јавна набавка, со умисла потпомогнат од осомничените хрватски државјани, недостапни на органите на прогон, склучил договор за консултантски услуги со правно лице на износ од 795.000 евра без ДДВ во денарска противвредност. Ова правно лице, во кое еден од осомничените хрватски државјани е соосновач и управител, било основано дваесет дена пред склучувањето на Договорот. По склучениот договор, правното лице склучило Договор за консултантски услуги за постапка на процена на вредноста, како и длабинско снимање на АД Пошта на Северна Македонија Скопје со вториот осомничен хрватски државјанин, за износ од 130.000 евра во денарска противвредност. Во критичниот период, во повеќе наврати од сметката на Владата на РСМ се исплаќани парични средства на сметката на правното лице, со што за правното лице е прибавена значителна противправна имотна корист во вкупен износ од 57.932.100,00 денари, што го претставува износот согласно договорот зголемен за 18% ДДВ, а за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ“, велат од Обвинителството.

Судскиот процес ќе го води судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска. Истата судијка во моментов му суди и на поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски.

Слични содржини