Започнува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

од Nikola Popovski
106 прегледи

Денеска во 10:00 часот во судница 1 од Кривичниот суд во Скопје, треба да започне судењето поврзано со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Обвинителниот акт против Љупчо Палевски е прифатен во целост. На Палевски и другите 4-ца обвинети за двојното убиството ќе им се суди на исто рочиште во еден предмет.

Основното јавно обвинителство Скопје во мај годинава поднесе обвинение против четири лица за грабнување и сурово убиство. Обвинети се Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Ѓорчевска беше пријавена за исчезната на 27 ноември 2023, и според МВР, во потрагата по неа биле вклучени стотина полициски службеници, биле прегледани снимки од 50-ина камери и направени голем број информативни разговори. Безживотното тело на Вања беше пронајдено пред недела дена, во близина на скопското село Бразда. Нејзиното исчезнување го пријави нејзината мајка, а во потрагата се вклучија и надлежните институции и голем број граѓани.

Заднината на случајот со Ѓорчевска била да се изнудат пари од мајката на Вања, бил вмешан и член на семејството, а организаторот на сето тоа е и извршител на убиството.

Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо беше екстрадиран од Турција, откако избега по убиствата.

Обвинителниот акт е за едно кривично дело убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и за едно кривично дело – убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.4 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и двете казниви по чл.123 ст.3 од Кривичниот законик, како и за едно кривично дело – грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – грабнување од чл.141 ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик.

Слични содржини