Во Србија денеска ќе започне вакцинацијата со третата доза на вакцината против ковид 19.
Граѓаните ќе примаат СМС пораки или повици преку е-пошта каде и кога да се јават. Третата доза најпрво ќе биде дадена на најзагрозените категории, а граѓаните ќе изберат која вакцина ќе ја примат. Третата вакцина, ќе биде дадена во сите здравствени центри и на контролниот пункт во сала 11 на саемот во Белград.
Според властите сите оние што поминале шест месеци од примањето на втората доза ќе имаат право на имунизација, но важно е, додаваат тие, граѓаните да не доаѓаат без претходна покана!
-Поканувањето на граѓаните ќе се врши преку СМС пораки или е-пошта со линк што ќе ги одведе до порталот е-Влада, каде што ќе добијат подетални информации. Таму, тие ќе можат сами да видат дали припаѓаат на категориите на населението на кои им се препорачува да примат трета вакцина. Без разлика дали припаѓаат на групите за кои се препорачува третата доза, секој може да ја прими ако сака по шест месеци од ревакцинацијата. Важно е граѓаните да не аплицираат самоиницијативно, пред да бидат поканети. По добивањето на поканата, вакцинацијата ќе се изврши во здравствените домови, додека во Белград, за третата доза, ќе се отвори пункт во салата 11 на Белградскиот саем. Граѓаните ќе го известат докторот за конечниот избор на вакцината за време на прегледот и консултацијата на местото на вакцинација, бидејќи е можно да се прими вакцина од различен производител.
Третата доза на вакцина е особено препорачана за лица со ослабен имунитет, хронично болни луѓе, лица со малигни заболувања, пациенти кои биле подложени на трансплантација, лица над 70 години, лица над 60 години од домови за стари лица, вработени во здравствени и социјални установи , како и српските државјани кои често патуваат во странство, или од работа или од приватни причини.