Започнуваат преговорите за поделба на директорските места

од Берта Китинска
390 прегледи

Според најавите оваа недела се очекува да започнат преговорите меѓу коалициските партнери за поделба на вториот и третиот ешалон, што значи партиите да се договорат за заменици министри, како и за првите луѓе на секретаријатите и агенциите.

Неофицијално, како што шпекулираат албанските медиуми, се очекува ДУИ да има заменик министри во Министерствата за внатрешни работи, транспорт и врски, правда, здравство и одбрана.

Неофицијално се шпекулира дека новите Управи кои можат да припаѓаат на ДУИ се МЕПСО, ЈП Државни патишта, Агенцијата за електронски комуникации, „М-НАВ“ и Агенцијата за лекови „Малмед“.

Слични содржини