Запре судењето против Димитриевски – обвинителството се откажа од обвинението

од Nikola Popovski
30 прегледи

Запрен е судскиот процес против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој беше осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување. Јавниот обвинител се откажал од постапката.

-Основниот суд Куманово заради интерес на јавноста за постапката по предметот на Основен суд Куманово К-115/24 против обвинетиот М.Д. од Куманово за кривично дело-злоупотреба на службената положба и овластување од чле. 353 ст. 4 в.в. со ст. 1 од КЗ, известува дека на ден 1 јули годинава, донесена е пресуда со која обвинението се одбива согласно на член 402 ст. 1 т. 3 од Законот за кривична постапка, затоа што јавниот обвинител со поднесок од ден 30 јуни годинава се откажа од обвинението, соопшти Основен суд Куманово.

Обвинението против Димитриевски беше отворено лани, откако сопственици на градежни фирми поднесоа кривична пријава, бидејќи не добиле дозволи за изградба на згради. Тие бараа надомест од три милиони денари. Во рочиштата кои беа одржани изминатив период, се жалеа дека имаат штета донесена од суспензијата.

Градоначалникот кажа дека ги штити интересите на кумановци, бидејќи изградбата на комплексот згради во централното градско подрачје помеѓу гимназијата и школската амбуланта ќе го наруши хуманото живеење.

Слични содржини