Запреа меч во С. Арабија, за да потстрижaт фудбалер на теренот поради непристојна фризура

од desk3
84 прегледи

Фудбалски натпревар во Саудиска Арабија беше прекинат, за да биде истрижен едниот голман, кој се појавил на теренот со навредлива фризура, соопштува “Gulf News”.

Играчот се појавил со фризура тип “чешел”, кој макар и мал, според судијата е непристоен и антиислљмски. Постапката на фудбалерот длабоко ги револтирала муслиманските гледачи на дуелот.

Video-Saudi-footballer-forced-mid-match-to-shave-his-American-hairstyle

Поради оваа причина, по краток спор, играчот се согласил да се раздели со својот “чешел” и бил истрижен директно на теренот, бидејќи во Саудиска Арабија слична фризура е забранета и се смета за грев.