Запросена од 40 години помладото момче? Шер покажа огромен дијамантски прстен (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката и актерка Шер објави фотографија од дијамантски прстен кој предизвика бура од реакции на социјалните мрежите.

Шер неодамна ги остави сите во шок кога се појави пред ресторан со своето ново момче, кое за прв пат го претстави на јавноста. Станува збор за музичкиот продуцент Александар Едвардс, кој е 40 години помлад од неа.

Шер (76) и Александар (36) со оваа појава ги „вжештија“ мрежите кои „гореа“ од бројни коментари, а додека едни ги поддржуваа, други велеа дека продуцентот би можел да биде внук на пејачката.

Сега Шер повторно ги остави сите без зборови кога на Твитер објави огромен дијамантски прстен, а многумина веднаш помислија дека се работи за веренички прстен.

Се менуваше описот на пејачката за фотографијата, што секако го надополни сомнежот – „Без зборови“, напиша прво рече, па ја објави фотографијата уште еднаш, па напиша: „Ова го објавив затоа што неговите нокти се многу кул“.

Александар е познат по врската со манекенката Амбер Роуз, со која раскина пред една година, откако таа го обвини дека ја изневерувал со 12 жени, што и самиот подоцна го призна. Двете ѕвезди го имаат тригодишниот син Слеш.

Шер и Александар истакнаа дека разликата во години им е чудна „само на хартија“.

Слични содржини