Заработил кривична поради поттикнување омраза на Фејсбук

од Nikola Popovski
174 прегледи

Охридската полиција информира дека едно лице од Струмица доби кривична пријава поради недоличен и навредлив коментар на Фејсбук.

СВР Охрид до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против З.П.(56) од Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

-Тој на 24.06.2022 на текст од портал објавен на социјалната мрежа Фејсбук, објавил коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство, стои во билтенот на полицијата.

Слични содржини