Заради деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ Законот за служба во Армијата цела година беше блокиран, вели Талески

од Берта Китинска
196 прегледи

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ а пред се пратеникот Драган Ковачки треба да им се извинат на припадниците на Армијата за блокадите што цела година ги прават овде во Собранието, порача пратеникот на СДСМ Миле Талески на денешната седница. ,

„Вие господине Ковачки ја манипулирате фелата од каде доаѓате и треба да им се извините на припадниците на Армијата затоа што заради вас лично беше блокиран Законот за служба во Армијата. Една година припадниците на Армијата не ги добиваат бенефитите од овој Закон кој ВМРО-ДПМНЕ со 2.000 амандмани го блокираше со една цел – да ве заштити вас лично односно во делот каде пишува дека припадници на Армијата не смеат да бидат членови на политички партии, односно да бидат на високи позиции во Армијата. Откако станавте пратеник манипулиравте и овде предлагавте ист таков закон и ги лажевте војниците“ порача Талески во реплика кон пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека парламентарното работи во интерес на сите граѓани и ги повика сите пратеници да гласаат и Законот да биде донесен.

Слични содржини