ЗАРАДИ ОВА ВИДЕО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ГОРАТ: Поставија маси и столици, викнаа гости и жива музика

од Берта Китинска

На социјалната мрежа Фејсбук се појави видео, што предизвика голема дебата. Имено, видеото е направено во Подгорица и може да сe види како е организирана  необична свадба.

–Се работи за свадба која е организирана на јавна површина, односно терен – игралиште, од 16.30 до 01 часот. Поставени се маси, столици, озвучување е закачено на оградата, жива музика, гости, „фул“ ресторан. На буквално 5 метри од собите за спиење. Милион повици упативме до МВР, Комуналната полиција и Комуналната инспекција. Сите ја префрлаа топката еден на друг  – МВР е задолжен „ако се истепаат“, Комуналната полиција – „ако има бучава во локалите“, а Комуналната инспекција не припаѓа на Комуналната полиција чија работа е ова. Освен што трпат граѓаните, и освен тоа што сите би потрчале да ги казнат и да соберат пари, на пр. ако се постави маса на 1 метар надвор од одредената површина на некој локал, освен што се пропагираат мерки врзани за коронавирус, поставуваме прашае – чии се тогаш јавните површини и кој е задолжен за јавниот ред и мир – ако за тоа не се споменатите органи?, пишува во коментар по објавеното видео.

Слични содржини