Заразената болничарка со конго-кримска денеска ќе го прими лекот Рибавирин, влегува во фазата на крварење

од Nikola Popovski
496 прегледи

Заразената болничарка со конго-кримска треска е во стабилна состојба и влегува во фазата во која се очекува појава на крварење. Ноќеска за првпат е забележано полесно вагинално крварење, но не е ништо масовно – се гледа само преку бришење со хартија. Сепак е сериозен знак кон кој ќе пристапиме, информира директорката на Клиниката за Инфективна клиника, Милена Стевановиќ.

Според неа, донесена е одлука на болничарката, која исто така работи на Инфективната клиника, да ѝ се даде лекот Рибавирин кој вчера пристигна во нашата држава.

Не требаше порано лекот. Се држиме до искуствата во светот, не само во регионот и локално ниво. Сметаме дека сме на добар пат и правиме исправно со секој следен потег. Рибавиринот е само еден сегмент од нејзиното лекување, кажа директорката.

Додава дека за жал, и покрај добивањето на лекот, не е објавено во проценти колкав е бенефитот, односно со колкав процент е преживувањето на пациентите после давањето на лекот.

За првата пациентка од штипско која почина од болеста, вели дека не можела да биде спасена бидејќи била дијагностицирана и почината во неколку часа. Не можела да биде спасена и да бил порано набавен лекот.

Ниту една држава нема ваков лек во залиха. Лекарите и организациите кои работат во решавање на големи или помали епидемии во подрачја на вакви трески, ги имаат и на ваков начин помагаат кога ќе се појават спорадични случаи, рече д-р Стевановиќ.

Директорката на Инфективната клиника нагласи дека ниту една држава од регионот го немала лекот. Истакна дека системот на реакција и акција и употреба бил задоволен во краток временски период.

Слични содржини