200
Индонезиецот инфициран со ковид 19 влегол во авион маскиран како неговата сопруга, со никаб кој му го покривал лицето, лажни документи на нејзино име и негативен тест за PCR, но неговиот маскенбал не траел долго.
Меѓутоа стјуардесата го приметила, односно дека влегол како жена, а излегол како маж, па го вклучила алармот. Биле повикани властите кои веднаш го уапсиле осомничениот. Бил извршен тест кој бил позитивен и веднаш е испратен во изолација во неговиот дом, каде го надгледува полицијата.
Инцидентот се случил на летот Џакарта – Тернате. Кога се качил во авионот, тој го докажал својот идентитет.