Џорџина Родригез и Кристијано Роналдо неодамна станаа родители по втор пат, додека фудбалерот има уште три деца кои му ги родиле сурогат мајки.
Џорџина сега привлече внимание со една конкретна објава, но привлече и донекаде негативни коментари. Taa ja фотографирала Бела Есмералда додека спиела и два деталa им паднаа во очи на многумина.
Имено, лесно може да се забележи дека бебето има лигавче со потпис на брендот Диор, па се наметна прашањето зошто на бебето му треба нешто толку скапо, но тоа не е единственото нешто што предизвика негативни коментари.
Роналдо и Џорџина и ги дупнале ушите на малата Бела Есмералда која нема ни три месеци. Ова предизвика жестока полемика со оглед на тоа колку е старо бебето и дали е потребно во тој период да има обетки.