Засега нема кривична за измамата преку „Конти“, МВР бара жртвите да пријават

од Nikola Popovski
102 прегледи

За измамата преку апликацијата „Конти“, првиот полицаец во државата, Панче Тошковски информира дека официјално не е поднесена кривична пријава, но изрази голема загриженост за ваквиот пирамидален криминал поврзан со потенцијална инвестиција кој што се случува веќе неколку пати.

Според Тошковски, слична апликација за измама на граѓаните била конститирана и во 2022 година.

-Упатувам апел до граѓаните да внимаваат за ваков тип на инвестициски вложувања. Да се консултираат со експерти од областа и да се обратат во МВР. Има експерти во министерството кои што можат да дадат проценка дали станува збор за потенцијална измама. Сите оние кои што учествувале како жртви во овој потенцијален кривично-правен настан да се обратат до МВР, со цел да можеме да го истражиме и да постапиме согласно надлежностите, рече министерот на прес-конференција.

Според неофицијални информации, околу 14000 илјади граѓани од земјава биле измамени преку апликацијата.

Слични содржини