ЗАСЕКОГАШ БРОЈ ЕДЕН: Порто го повлече дресот на починатата легенда (ФОТО)

од Nikola Popovski
409 прегледи

Ракометниот клуб Порто го повлече од употреба дресот број еден во чест на неодамна починатиот голман Алфред Квинтана.

Ракометарскиот чувар на мрежата, репрезентативец на Португалија, доживеа срцев удар на тренинг на почетокот на неделава, а лекарите се бореле 45 минути да го реанимираат. Потоа тој бил префрлен во болницата каде што бил кома, но за жал не успеал да ја добие оваа битка.

– Дресот со број 1 повеќе нема да се користи во нашиот клуб, на предлог на претседателот Хорхе Нуно Пинто – се наведува во соопштението на Порто на Твитер.

Слични содржини