Заштитата на вакцините на Pfizer и Astrazeneca опаѓа против делта сојот во рок од 3 месеци

од Stefanija Kuzmanovska
374 прегледи

Здравствена студија во Обединетото Кралство покажа дека заштитата што ја обезбедуваат вакцините „Фајзер“ и „АстраЗенека“ се намалува против доминантниот делта вид на коронавирусот во рок од три месеци.

Откриено е дека оние што се инфицираат по добивањето две дози може да претставуваат поголем ризик за другите луѓе во споредба со претходните варијанти на коронавирусот.

Студија на Универзитетот во Оксфорд, базирана на повеќе од три милиони примероци земени од носот и грлото на лица ширум Британија, покажа дека 90 дена по втората доза на вакцина „Фајзер“ или „АстраЗенека“, нивната ефикасност во спречувањето на инфекцијата се намалува на 75 проценти, односно 61 процент.

Во двонеделниот период по втората доза, овие проценти се соодветно 85 проценти и 68 проценти. Намалувањето на ефикасноста е поизразено кај луѓе на возраст од 35 години и постари отколку кај помладите луѓе.

„Двете овие вакцини во две дози и натаму се многу добри против делта. Кога започнувате со многу, многу високо ниво, пред вас е долг пат“, вели Сара Вокер, професорка по медицинска статистика во Оксфорд и истражувачка лидерка за вакцината „Фајзер“.

Научниците не можеа да предвидат колку заштитата дополнително ќе ослабне со текот на времето, но сугерираат дека ефективноста на двете проучувани вакцини ќе се изедначи во рок од четири до пет месеци.

Слични содржини