Заштитата од ковид-19 што ја даваат двете дози на вакцините на Фајзер / Бионтек и Астразенека почнува да опаѓа во рок од шест месеци, утврдија британските научници, па најверојатно ќе биде потребно довакцинирање.
По пет до шест месеци, ефективноста на вакцината на Фајзер против коронавирусот во рок од еден месец по втората доза се намалила од 88 на 74 проценти, се вели во анализата на податоците собрани во британската студија Зои ковид.
За вакцината на Астразенека, ефективноста се намалила од 77 на 67 проценти по четири до пет месеци.
Истражувањето се базира на податоците добиени во повеќе од 1,2 милион теста.
Претходните анализи на податоците сугерираа дека вакцините обезбедуваат заштита најмалку шест месеци.
Во најлош случај, заштитата до зимата може да падне под 50 проценти за постарите луѓе и здравствените работници, рече водечкиот научник во таа студија Тим Спектор.
„Ова покажува дека треба да се направи нешто. Не можеме само смирено да гледаме како заштитата полека опаѓа, додека бројот на новозаразените е сѐ уште висок како и шансите за инфекција“, рече тој за Би-би-си.
Британија подготвува план за вакцинација подоцна оваа година, откако главните научни советници проценија дека од септември можеби ќе треба старите лица и најранливите групи да се вакцинираат со трета доза.