Несомнено е дека вакцината против грип е најдобриот начин да се заштитите. Но, имајќи предвид дека против грип се вакцинираат само хронично болни и стари лица, повеќето се без заштита. Затоа ви предлагаме неколку едноставни превентивни мерки кои заедно со разновидна исхрана и редовна физичка активност можат да ви помогнат здраво да ја поминете зимата.
Значи, иако сезоната на респираторни инфекции и грип е во полн ек, тоа не значи дека треба да го „фатите“ вирусот. Следете ги овие совети, зајакнете го вашиот имунитет и спречите инфекција.
Цинк
Истражувањата покажуваат дека цинкот помага во борбата против вирусите и настинките. Дури и ако се појави настинка, овој минерал може да го скрати времетраењето на болеста и да ги ублажи симптомите, особено ако се консумира во рок од 24 часа од почетокот на првите симптоми. Храната која природно е богата со цинк вклучува месо, јајца, мешунки, семки и јаткасти плодови.
Ментол
Нанесете ментол како маст под носот или на грлото и градите. Ментолот ја смирува кашлицата и го олеснува дишењето. Овој совет не важи за деца на возраст под две години.
Гаргарање
Измешајте шолја топла вода со лажичка сол и гаргарајте четири пати на ден. По испирање, исплукајте ја течноста. За оваа намена може да ви послужат и бројни „физиолошки“ раствори кои се продаваат во аптеките.
Ехинацеа
Овој хербален додаток е докажано дека го зајакнува имунолошкиот систем. Практично кажано, ехинацеата успешно ги ублажува симптомите на настинка и помага за брзо закрепнување. Консумирајте го кога ќе почнете да се чувствувате лошо и продолжете да го пиете седум до десет дена.
Воздух
Греењето го суши воздухот во куќата, што ја прави мукозната мембрана на носот и усната шуплина поподложни на вируси. За да спречите сушење на воздухот, ставете контејнери со вода на грејните елементи или вдишете топла пареа за време на капење и туширање.
Шеќер
Иако шеќерот го подига расположението, треба да се избегнува, особено за време на настинка. За подобро расположение јадете лешници, бадеми, кикирики, морска и речна риба. За време на респираторна инфекција и треска, треба да се избегнуваат и млечни производи, јајца и сок од портокал бидејќи го стимулираат производството на слуз и го оптоваруваат дигестивниот систем, што ја зголемува телесната температура.