
Општина Карпош согласно своите надлежности, покрај интензивираните активности за чистење на јавните површини, во наредниот период ќе ги зголеми и инспекциските контроли на терен. Овие активности ќе се одвиваат и за време на викендите, сопштија денеска од Општината.
„За таа цел сакаме уште еднаш да потенцираме кои дејствија претставуваат прекршување на прописите за чиста животна средина и за кои ќе има прекршочни санкции од 50 до 2.000 евра во денарска противвредност.
* Фрлање шут, отпад, формирање депонии, јами и сл., во профилот на улиците и патиштата или покрај контејнерите за комунален отпад;
* Оставање градежен шут, смет и други материјали на коловозот и тротоарот на улиците;
* Испуштање на отпадни или други води на коловозот и тротоарот, или спречување истекување на водите на предвидените места;
* Нанесување кал, градежен и друг материјал на коловозот и тротоарите на улиците;
* Попречување на пешачка патека и улица, противправно прекопување на коловозот, оставање пречки и друг материјал на коловозот, пешачката патека или тротоарот и неовластено поставување разни препреки;
* Оштетување и уништување на урбана опрема, сообраќајни знаци, патокази, семафори и друга опрема која е во функција на патеките, улиците и другите јавни површини;
* Отворање и отстранување на капаците на уличните шахти и решетки, додаваат од Општината.