Актуелно
Почетна / Хроника / Засилени сообраќајни контроли, МВР изрече вкупно 376 санкции

Засилени сообраќајни контроли, МВР изрече вкупно 376 санкции

Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече вкупно 376 санкции.

Како што соопштија денеска од МВР, од вкупниот број санкции, за возење без возачка дозвола санкционирани се 23 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење се 105 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 22, додека 35 се санкционирани мотоциклисти и пет одземени мотори, 57 мерки за непрописно паркирани возила и 60 возила подигнати со пајак.

Изречени се и 100 санкции за неносење на заштитна маска.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

loading...