„Заслужено“: Сорос му го препушти управувањето со „Отворено општество“ на својот син

од Nikola Popovski
394 прегледи

Фондацијата „Отворено општество“ има предводник. Американскиот милијардер Џорџ Сорос (92) му го отстапи управувањето со фондацијата на својот син Александар Сорос, пренесе британски „Гардијан“.

Џорџ Сорос, кој заработи милијарда долари „обложувајќи“ против британската фунта, претходно изјави дека не сака неговата фондација да ја преземе ниту едно од неговите пет деца.

Сепак, тој го назначи Александар за директор на една од најбогатите филантропски фондации во светот.

„Го заслужи тоа“, изјави Сорос, чие богатство се проценува на 6,7 милијарди долари.

37-годишниот Александар, кој беше ангажиран во „Отворено општество“ уште во декември, во интервју за „Волстрит журнал“ изјави дека е „повеќе вклучен во политиката“ од неговиот татко и дека планира да продолжи да донира семејни пари за левичарските кандидати во САД.

Неговиот татко е еден од најголемите донатори на демократските кандидати во американската политика.

Александар, кој твитна фотографија со американската потпретседателка Камала Харис претходно оваа недела, сега води политичка кампања како претседател на политичкиот комитет на неговиот татко.

Фондацијата, каде Александар ја извршуваше функцијата потпретседател од 2017 година, насочува околу 1,5 милијарди долари годишно на групи кои ги поддржуваат човековите права и градењето демократија.

Слични содржини