Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, Барселона на домашен терен ја совлада Борусија Дортмунд со 4-0 и направи огромен чекор кон пласман во полуфиналето.
„Мислам дека заслуживме да загубиме“, изјави Нико Ковач, тренерот на Борусија Дортмунд.
„Откако го примивме првиот гол, одигравме доста добро околу 20 минути во првото полувреме. После тоа многу работи повторно тргнаа во надолна линија, не бевме мирни, а на крајот се казнувавме самите себе. Примивме гол по автогол и контранапад, после тоа губиме топка на средина и пак контранапад. Слободен удар, па уште еден контранапад. Тоа се три гола од контранапад. Тоа е премногу и тоа воопшто не е добро“, изјави тој.
Ги критикуваше и играчите од средниот ред.
„Можете да ја изгубите топката, тоа е дел од играта, но мора да донесете и правилни одлуки. Тоа беше одбрана два на два однадвор. Сигурно не е секогаш лесно за крилните играчи да следат кога нивните бекови одат во напад. Но, на тоа ниво, сепак, мора да продолжите да се враќате за да се браните“, истакна Хрватот.