Застаре делото, Мијалков нема да одговара за „Титаник 2“

од Nikola Popovski
198 прегледи

Апелациониот суд Скопје информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-43/23, во јавноста познат како „Титаник 2“, по одржана јавна седница на ден 15.09.2023 година, а по извршено советување и гласање на ден 29.09.2023 година, донесе пресуда со која делумно ги уважи жалбите на обвинетите М.Т. од Т., Б.И. од Т., В.С. од К., С.С. од С.и пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција.

Истовремено, под став II од изреката, по повод жалбите на обвинетиот С.М. од С.,а по службена должност, пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот спрема обвинетиот С.М. од С. , носејќи одлука со која се одбива обвинението, согласно член 402 точка 6 од ЗКП.

Со тоа, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков нема да одговара за кривично дело примање награда за противзаконито влијание во предметот на поранешното СЈО. На останатите обвинети, поранешни членови на Изборната комисија, Мендух Тачи, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими и Влатко Сајкоски затворските казни им се преиначени во условни.

Случајот „Титаник 2“ се однесува на изборени нерегуларности од 2013 година. Мијалков во договор со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, успеа да ги поништи резултатите од изборите на неколку избирачки места во Струмица а со тоа и победата на тогаш опозициската СДСМ, благодарение на гласовите на членовите на ВМРО – ДПМНЕ и ДПА во ДИК.

Првиот судски процес за случајот „Титаник 2“ траеше пет години а јавноста беше сведок на мноштво трикови за одложување на рочиштатат вклучувајќи ги и неколкуте заболувања на Мијалков со КОВИД-19. Финишираше во 2019 година а Мијалков доби три години затвор. Апелација ја укина одлуката и го врати предметот на повторно судење.

Слични содржини