Застој на „Богородица“: Во неколку колони се чека влез во Грција

од Nikola Popovski
2,K прегледи

Гужви на граничниот премин Богородица за излез од Македонија. Според информациите, се чека околу половина час. Снимките од надзорните камери прикажуваат редици од автомобили и камиони во застој. Пуштени се четири ленти со патнички возила.

Од АМСМ велат дека иста е ситуацијата и на граничниот премин Табановце.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

Слични содржини