Застрашувачки детали од масакрот во Младеновац: Седнал во такси со трудница и извадил бомба

од Stefanija Kuzmanovska
349 прегледи

Во Младеновац, на четириесетина километри од Белград, У.Б. минатата недела тргна во својот крвав поход во кој уби осум лица. Кога автомобилот му се заглавил во калта, влегол во такси. Не знаел дека внатре има и трудница.

Само еден ден по масакрот во основното училиште „Владислав Прибникар“ во Врачар, каде 13-годишно момче со пиштолите на својот татко уби седум девојчиња, едно момче и вработен во обезбедувањето, Србија ја потресе ново страшно злосторство.

Во Младеновац, четириесетина километри од Белград, 20-годишниот У.Б. тргнал во својот крвав поход во кој уби осум лица. Наводно, прво се расправал со некого пред продавница, отишол до дома да земе автоматска пушка и почнал да пукал. Подоцна, тој одел од село до село убивајќи по случаен избор додека полицијата не го пронашла.

Страшни детали од масакрот
Како што објави „Блиц“, У.Б. се обидел да се претстави како жртва за време на рочиштето бидејќи слушнал дека луѓето зборувале лошо за него. Тој кажал дека бесен отишол во куќата каде зел пушка, пиштол и поголема количина муниција.

Тој рече дека пукал во луѓето затоа што не сакале да му се извинат, а некои кои ги убил ги знаел, како полицаецот со кој играл фудбал, а му пукал во глава. Ја убил и сестрата на полицаецот.

Потоа отишол во другите две села и продолжил да убива по случаен избор.

Неговиот автомобил се заглавил во калта на шумскиот пат. Од автомобилот извадил пушка, две бомби и пиштол и го фрлил мобилниот телефон. После тоа ја фрлил и пушката. Стигнал до патот и забележал такси кое чекало да ја наплати патарината. Скокнал на задното седиште, но не знаел дека во таксито има и трудница. На таксистот му рекол дека се ќе биде во ред доколку го послуша. Му нареди да вози. Бомбата ја држел во скут.

Тој по извесно време ѝ дозволил на трудницата да излезе од автомобилот, а на возачот му наредил да го однесе до местото каде живее неговиот вујко. Се сокрил во кокошарник.

Но, полицијата го пронашла и го привела.

Го призна злосторството – дали ќе избегне доживотен затвор?
Тој го призна делото, а белградскиот адвокат тврди дека не може да добие најтешка казна бидејќи во моментот на делото имал помалку од 21 година, што е предуслов за да добие доживотна казна затвор според српскиот кривичен законик. Полицијата го уапсила и неговиот татко, поранешен припадник на српската војска. Како што кажал претходно еден од соседите, татко му бил полковник и дошол на Велигден во Младеновац.

Слични содржини