Снимка, која стана вирална на социјалните мрежи, го покажува застрашувачкиот момент кога морето се разбранува додека огромна ајкула се приближува до чамец!
Преплашените луѓе на камера го фатија застрашувачкиот момент кога огромна ајкула голема дури 7 метри допливала кон нивниот чамец! Видеото кое стана вирално на социјалните мрежи покажува момент на кој ретко кој останал рамнодушен. На видеото се гледа како водата почнува да бранува додека огромната ајкула се приближува до чамецот.
That's a 20 footer…. #Jaws #sharks pic.twitter.com/ZRDXHPQVMZ
— The Daily Jaws (@thedailyjaws) July 12, 2022
Огромна ајкула запливала веднаш до чамецот, а камерманот дури тогаш сфатил што ги предизвикало брановите.
Видеото беше објавено на Твитер профилот „The Daily Jaws“, а коментарите беа бурни. Некои претпоставуваа дека оваа ајкула е долга дури и повеќе од 7 метри, а луѓето останаа во шок од глетката, бидејќи таков ѕвер не се гледа често.