ЗАСТРЕЛАН СОРАБОТНИК НА ТРАМП: Се наоѓа во критична состојба

од Stefanija Kuzmanovska

Мајк Гил, член на администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, е во критична состојба откако бил застрелан во Вашингтон.

Гил бил тешко повреден при обид за каржба на неговиот автомобил.

Нападот се случил околу 17:45 часот во понеделникот по локално време, а напаѓачот потоа убил едно лице додека се обидувал да украде друго возило. Полицијата потоа го ликвидирала.

Според американските медиуми, Гил, кој е татко на три деца, бил застрелан додека чекал да ја земе сопругата.

Соработникот на Трамп успеал да излезе од автомобилот, ранет, а потоа се срушил на земја.

Портпаролот на семејството потврдил дека дошло до пукање и дека Гил се наоѓа во критична состојба, а еден од сведоците рекол дека сопругата на Гил се стрчала кон ранетиот Мајк.

Осомничениот за пукањето во Гил се обидел да украде автомобили во Вашингтон и Мериленд и убил најмалку едно лице.

Полицајците во Њу Керолтон, Мериленд, предградие на Вашингтон, утринава го застрелале и усмртиле осомничениот. Неговото име се уште не е објавено, пренесе Fox5DC.

Џефри Керол, помошник началникот на полицијата во Вашингтон, рече дека човекот имал криминално досие и се чинело дека минува низ ментална криза во моментот на нападот.

Слични содржини