334
Вчера полицајци во 22.30 часот извршиле контрола во чајџилница лоцирана на улица „Карл Маркс“ во Куманово, сопственост на Ф.Б.(29) од истиот град. Констатирале дека објектот не се придржувал до пропишаното работно време и во него биле затекнати околу 20 лица.
Како што соопшти денеска МВР, објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен.