Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се огласи по повод видеото во кое се гледа како неговиот наследник, Џо Бајден, користел ливчиња за потсетување за време на неодамнешната прес-конференција, во која имаше и некои тези против Трамп.
Трамп сподели видео на Телеграт, кое го објави телевизиската мрежа „ОАН“, со коментар:
„Можете ли да поверувате? Не е ни чудо што нашата земја ќе оди по ѓаволите“.
Тоа е прес-конференција што Бајден ја одржа во Корнвол, Англија, каде што се одржа самитот на Г7.
Медиумите објавија дека ливчињата содржеле одговори на можни новинарски прашања, вклучувајќи ги и оние што може да се однесуваат на Министерството за правда.
Joe Biden needs a flash card to remind him that he thinks everything is Trump’s fault.
How pathetic. pic.twitter.com/5SRHUDf7z5
— Benny (@bennyjohnson) June 15, 2021