Фармацевтот на болница во американската држава Висконсин, Стивен Бранденбург (46), кој призна на суд дека намерно оштетил до 500 вакцини на компанијата „Модерна“, бидејќи не верувал во нивната ефикасност, е осуден на три години затвор и е должен да ѝ ја надомести материјалната штета на болницата од 83.800 долари.
Бранденбург намерно вадел вакцини од ладилници во болницата за време на ноќните смени во болницата каде што бил вработен во декември минатата година, се вели во соопштението на Министерството за правда на САД, пренесува „Ројтерс“.
Осудениот фармацевт призна дека е приврзаник на теориите на заговор е убеден дека вакцините се „ѓаволска работа“.
За време на истрагата, беше утврдено дека Бранденбург тајно го оштетил физиолошкиот раствор за правење вакцини против грип, како и дека убедил неколку колеги да го сторат истото.