Затворен е регионалниот пат Неготино – Штип, поради пожар

од Milan1
35 прегледи

Сообраќајот на регионалниот пат Неготино – Штип, кај село Пепелиште е во прекин за сите видови возила, во двата правци, соопшти АМСМ. Патот е затворен поради безбедност на учесниците во сообраќајот, а причина е активен пожар.

Пожарот што пред неколку дена ја зафати планината Серта се уште не може да се стави под контрола.

Гори на три точки, се интервенира и од копно и од воздух. Засега во пожарот изгоре површина два пати поголема од градот Неготино. Голем пожар кој сѐ уште е активен е и оној на планината Огражден.

Слични содржини