Затворен протокот Дарданели поради голем шумски пожар

од desk2
21 прегледи

Турција го затвори Дарданели, еден од најважните протоци на светот, поради голем пожар близу градот Чанак Кале, соопшти турското министерство за транспорт.

Дарданели се врската помеѓу Егејското Море и Мермерното Море и е еден од двата клучни морски патишта меѓу Европа и Азија.

Големиот пожар гонет од силниот ветер се приближува кон градот, а дел од населението е евакуирано. Во гаснењето учествуваат и пожарникари на терен и воздухоплови за гаснење – авиони и хеликоптери.

Според официјалните податоци, минатата година низ Дарданели минале речиси 46.000 пловила.

Ова е еден од низата пожари во природа што ја погодија Турција летово. Во најтрагичниот пожар во централната провинција Ескишехир во јули загинаа десет шумари и спасители.

Слични содржини