Затворен ресторанот на Роналдо и Надал

од Nikola Popovski
70 прегледи

Мадридскиот ресторан „Тото“ во косопственост на Кристијано Роналдо и Рафаел Надал е затворен. Специјализираниот италијански ресторан ги отвори вратите пред три години, а причините за неговото затворање не се објавени во јавноста.

Ресторанот бил дел од групацијата „Тател“, каде покрај Роналдо и Надал, како инвеститори се и поранешните шпански трофејни кошаркари Руди Фернандез и Пау Гасол.

Треба да се напомене дека рестораните на „Tател“, лоцирани во Дубаи и Абу Даби, засега остануваат отворени.

Легендарните спортисти не ги коментираа информациите за колапсот на бизнисот во шпанската престолнина.

Слични содржини