Затворен саемот „Wine Vision by Open Balkan“

од Vladimir Zorba
474 прегледи

Вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „„Wine Vision by Open Balkan“, под покровителство на Владата на Република Србија, С. Македонија и Албанија, беше затворен вечерва со доделувањето на наградите на фестивалот Food Vision на најдобрите готвачи, кој го презентираше министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Јелена Танасковиќ.

Таа им порача на младите готвачи да не се откажуваат од соништата, бидејќи Србија е земја на вино и храна.

„Владата на Србија ја препозна вашата желба, вашиот труд и вашиот сон и најде можност да создаде Food Vision на светски начин. Верувајте во вашите соништа, во вашата земја. Сакам да се образувате, да станете светски познати , да се вратите овде и да уживаме во она што сте го научиле.Овој настан е првенствено наменет за вас и ќе има се повеќе вакви настани бидејќи Србија е земја на виното и кулинарството на завидно ниво, а вие сте оние кои ќе ја подигнат таа скала уште повисоко“, им рече Танасковиќ на младите готвачи.

Слични содржини