Затворени дел од улиците околу Свети Спас во пресрет на чествувањето на Гоце Делчев

од Radmila Tasevska
171 прегледи

МВР од вчера воведе посебен режим на сообраќај во Скопје, поради чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев во сабота.

За сообраќај е затворена ул.„Самоилова“, на потегот од ул.„Иљо Војвода“ до крстосницата со ул.„Прохор Пчински“, а на в сабота ќе се спроведе и на ул.„Лазар Личеновски“ и ул.„Самоилова“.

„СВР Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот“, пренесува министерството.

Слични содржини