Затвореници од Битолскиот затвор ангажирани за чистење на патишта

Денес започнал првиот заеднички ангажман на лица од КПУ Затвор – Битола, кои активно учествуваат во чистење и уредување на околината околу тамошниот магистрален пат

од Nikola Popovski
14 прегледи Фото: УИС

Во рамките на Меморандумот за соработка со Управата за извршување на санкции, денес започнал првиот заеднички ангажман на лица од КПУ Затвор – Битола, кои активно учествуваат во чистење и уредување на просторите покрај магистралниот пат.

-Ова претставува значаен чекор кон подигање на јавната свест, одржување на чиста животна средина, како и кон унапредување на соработката меѓу институциите. Во наредниот период, планираме во активностите да бидат вклучени и лица од останатите КПУ и КПД, со што ќе ја прошириме и интензивираме оваа корисна практика, информираат од Управата за извршување на санкции.

Оттаму велат дека уверени се како со заедничка работа и континуирана поддршка, ќе постигнат уште подобри резултати и почиста околина.

-Ова е само почеток на една партнерска соработка која ќе продолжиме да ја развиваме и понатаму, потенцираат од УИС.