Затвореник накратко умрел па барал да му ја укинат доживотната казна

316 прегледи

Американскиот суд го одбил барањето на осуденик кој тврди дека ја отслужил доживотната казна бидејќи накратко бил прогласен мртов.

Бенџамин Шрајбер (66) е осуден на безусловна доживотна казна затвор во сојузната држава Ајова, бидејќи во 1996 година до смрт претепал еден маж, пишуваат американските медиуми.

Осуденикот тврди дека ја отслужил доживотната затворска казна бидејќи пред четири години, за време на операција му застанало срцето. Лекарите потоа го реанимирале.

Судот ги отфрлил неговите барање со образложение дека, иако е оригинален, не е доволно уверлив.

Му објасниле дека е „малку веројатно“ дека починал со оглед на тоа дека се потпишал во медицинските белешки и се опоравил од операцијата.

Во 2015 година, поради проблеми со камен во бубрегот Шрајбер довил сепса и за време на операцијата дошло до компликации па лекарите морале да го оживуваат.
Но, по успешното оживување тој потполно се опоравил и бил вратен во затворот за издржување на казната.

Осуденикот, во жалбата поднесена минатата година навел дека лекарите го оживале против негова волја и објаснил дека кратката смрт значи дека, од технички аспект, ја отслужил својата казна. Но во судските објаснувања стои дека казната се смета за отслужена откако смртта ќе биде службено потврдена од патолог.

Слични содржини