Затвореник од „Идризово“ почина на пат кон болница

од Vladimir Zorba
115 прегледи

На 24.11.2022 во 17.50 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека починал Р.В.(27), осуденик во Казнено – поправната установа Затвор Идризово.

Според пријавеното, поради влошена здравствена состојба Р.В. со возило на затворот бил пренесуван кон болница, но по пат починал во возилото.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Слични содржини