Во саботата, во 16 часот во СВР Велес, од Казнено-поправната установа Идризово-Отворено одделение Велес, било пријавено дека околу 11.20 часот, додека вршеле работни задачи, осуденикот Д.М.(38) од село Бузалково, управувајќи трактор во населба Превалец-Велес, изгубил контрола и тракторот се излизгал наназад при што му нанел тешки телесни повреди на осуденикот К.Г.(52) од Гевгелија.

К.Г. бил пренесен во болницата во Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.