Затвореник се обидел да избега од „Идризово“

од Nikola Popovski
255 прегледи

Осуденик се обидел да избега од затворот „Идризово“, но бил спречен од вработените, информираат од МВР.

На 02.02.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот И.М.(31) се обидел да се побегне од установата, но бил спречен од вработените, при што физички нападнал еден од нив.

По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.