Затвореници пуштени на викенд извршиле сквернавење на гроб во Куманово

од Берта Китинска
374 прегледи

Вчера во 17 часот полициски службеници од СВР Куманово го уапсиле триесетгодшниот Д.П.од Куманово.

Тој заедно со уште две осудени лица кои биле пуштени на викенд, извршиле сквернавење на гроб во градските гробишта.

-По преземени мерки добиени по сознанија дека на 11 октомври годинава, заедно со Р. С. (30) и Б.Н. (32)  двајцата од Куманово, кои биле пуштени на викенд од казнено-поправна установа Идризово, извршиле сквернавење на гроб-информираше полицијата.

СВР Куманово ќе поднесе соодветни крвични пријави против инволвираните лица, по целосно докуметираење на случајот.

Слични содржини