Затворската управа негирала дека Красниќи се обидел да се самоубие

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Не е точно дека Мухамет Красниќи, алијас Командант Малишева, се обидел да се самоубие во затвор, тврди во изјава за „Лајм“ неговиот адвокат Насер Рауфи.затвор

Рауфи изјави дека стапил во контакт со управата на затворот во Прилеп, каде што е сместен Красниќ, и од таму биле негирани овие информации.

Сепак, Рауфи не е сосема уверен во изјавите дадени од управата на затворот, и вели дека денеска лично ќе оди во затворот во Прилеп за да ја увиди моменталната состојба на Красниќи, пренесе Кирилица

Вчера Алсат М објави дека Мухамет Красниќи, кој е дел од кумановската група што изврши напад во Диво Насеље во Куманово на 9 мај, се обидел да се самоубие испивајќи солна киселина.