Двајца затворски службеници, чија задача била да го чуваат Џефри Епштајн во текот на ноќта кога тој се самоуби во еден затвор во Њујорк, се изјаснија за виновни за фалсификување евиденција за нивната работа, но склучиле договор со федералните обвинители.
Џефри Епштајн, милионер и финансиер, беше осуден за трговија со бело робје и сексуална експлоатација на малолетнички. Тој беше уапсен на 6 јули 2019 година и не се изјасни за виновен пред судот за обвиненијата.
Затворските работници Това Ноел и Мајкл Томас се обвинети за спиење и пребарување на Интернет, наместо да го следат и чуваат Епштајн ноќта кога тој си го одзеде животот во август 2019 година.
Тие биле обвинети дека лажеле во евиденциите во затворот за да изгледаат како да ги извршиле потребните проверки на затвореникот на Епштајн пред да биде пронајден мртов во ќелија, а медицинските истражители утврдиле дека станува збор за самоубиство.
Како дел од договорот со обвинителите, тие ќе склучат договор за одложено кривично гонење со Министерството за правда и нема да издржат затворска казна, се наведува во писмото на федералните обвинители, што беше приложено до судските досиеја во петок, пренесува АП.
Обвинителството ги обвини Това Ноел и Мајкл Томас дека седеле на нивните работни маси на само 15 метри од ќелијата на Епштајн, купувале мебел и мотоцикли преку Интернет и шетале низ заедничкиот простор на единицата наместо да ги обиколуваат затворениците на секои 30 минути, а се чинело дека во текот на два часа и дека и двајцата спиеле, јави Танјуг.
Смртта на Епштајн и откритието дека тој успеал да се самоубие додека бил зад решетки во еден од најбезбедните американски затвори беше голем срам за американското биро за затвори и го привлече вниманието на јавноста кон таа агенција, која се соочува со обвинувања за сериозни повреди во текот на последните години.