Оружен судир избија утрово меѓу Тајланд и Камбоџа, соопштија војските на двете земји, притоа тврдејќи дека првите куршуми ги испукала другата страна.
Тајландската војска во својата изјава тврди дека оружените сили на соседна Камбоџа отвориле оган врз спорно гранично подрачје во близина на храмот Та Моан Том, околу 360 километри од престолнината на Тајланд, Бангкок. Тајланд извршил воздушни напади на цели во Камбоџа, откако камбоџанската страна почнала со гранатирањето, во кое загинале двајца цивили, а двајца се ранети, се тврди во соопштението од војската..
Министерството за одбрана на Камбоџа, пак, го обвини Тајланд за кршење на спогодбата со Камбоџа и отворање оган врз камбоџанската војска.
🇰🇭 #Cambodia – 🇹🇭 #Thailand: Footage showing Cambodian soldiers exchanging fire with Thai troops at border positions. pic.twitter.com/0hazj1g1vb
— POPULAR FRONT (@PopularFront_) July 24, 2025
Тајландската војска исто така соопшти дека против камбоџанската војска дејствувал еден борбен авион Ф-16, од вкупно 6 кои Тајланд ги распоредил долж спорната граница.
На оружениот судир му претходеа неколку седмици напнатост поради граничниот спор. Според Тајланд, утрово нивните сили први слушнале дрон, а потоа виделе 6 камбоџански војници како се приближуваат на границата. Наводно викале на нив, за да ја смират ситуацијата, но камбоџанската страна отворила оган.
🇹🇭 #Thailand – 🇰🇭 #Cambodia: More footage from the Cambodian side, as the bombardments are ongoing. pic.twitter.com/oxEphLFmDe
— POPULAR FRONT (@PopularFront_) July 24, 2025
Камбоџанското министерство за одбрана пак тврди дека Тајланд го започнал оружениот судир и дека Камбоџа дејствувала во самоодбрана.
Тајланд и Камбоџа спорат за суверенитетот над храмот Преах Вихеар, кој Меѓународниот суд на правдата во 1962 и 2013 година го прогласи за камбоџански, но Тајланд не ја признава таа надлежност.