ЗАВРШЕНА ИСТРАГА: Бугарија тврди дека камионот разнесен на Кримскиот мост не бил на нивна територија

од Nikola Popovski
340 прегледи

КАМИОНОТ што експлодира на Кримскиот мост никогаш не бил на територијата на Бугарија, објави во вторникот прес-службата на владата на земјата по извршената истрага.

– Утврдено е дека камионот што експлодира на мостот на Крим никогаш не бил на територијата на Бугарија, која руската страна ја посочила како почетна точка на трасата на возилото. Бугарската влада нема да дозволи никој да го поврзува името на нашата земја со терористички активности, се наведува во извештајот.

Претходно премиерот на техничката влада на Бугарија, Галеб Донев изјави дека специјалните служби на земјата ја проверуваат целата документација поврзана со експлозијата на камионот на мостот и да достават информации во врска со наводите дека камионот, кој беше детониран на мостот Керч, што ги поврзува Русија и Крим, тргнал од Бугарија.

Шефот на Истражниот комитет на Русија, Александар Бастрикин, на 9 октомври објави дека е утврдена трасата на камионот што експлодира. Камионот тргнал од Бугарија за Грузија и продолжил кон Ерменија, Северна Осетија и Краснодарската територија. Идентификувани се и лицата кои учествувале во организацијата на експлозијата.

Утрото на 8 октомври, на Кримскиот беше разнесен камион, поради што се запалија цистерните со гориво во возот што во тој момент поминувал таму. Три лица загинаа.

Слични содржини