Завршена обдукцијата на Метју Пери: Телото на актерот предадено на семејството

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот актер Метју Пери, кој се прослави со улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“, почина на 54-годишна возраст.

Како што пренесуваат американските медиуми, актерот се удавил во џакузито во својот дом во Лос Анџелес, а кога пристигнала брзата помош можеле само да констатираат смрт.

Обдукцијата е завршена, сега се чекаат резултатите од токсиколошките тестови што може да потраат неколку недели.

Причината за смртта е наведена како „одложена“ во очекување на понатамошна истрага и токсиколошки резултати.

Да потсетиме, кога полицијата извршила истрага, во домот на Пери не пронашла дрога, туку биле пронајдени разни антидепресиви.

Истрагата за прераната смрт на легендарниот Чендлер се уште трае, а „Дејли Мејл“ пишува дека телото на актерот е предадено на семејството за да се подготват за погребот.

Слични содржини