Завршена првата фаза од обновата на патната мрежа низ викенд населбата на Попова Шапка

од Vladimir Zorba

Заврши асфалтирањето на една од улиците во викенд населбата на Попова Шапка, чии градежни работи почнаа на 10 октомври, информираше денеска градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од скијачкиот центар.

Обновата на оваа улица се прави прв пат од осумдесетите години на минатиот век кога е изградена, а од денеска ќе може да се користи. Општинарите најавуваат дека ќе се продолжи со реконструкција на патната мрежа низ викенд населбата на пролет.

– Асфалтирање на патот низ викендичките е само првиот сегмент. Од пролет кога ќе се создадат услови ќе продолжиме и во другиот дел во рамките на викенд населбата. Исто така од пролет ќе се продолжи и со отворање на новиот пристапен пат до Попова Шапка со што ќе се создадат подобри услови за да дојдат туристите не само од Македонија туку од надвор. Исто така работиме сериозно и до крајот на годината да имаме нов урбанистички план со што од пролет ќе се отвори можноста за нови инвестиции, изјави градоначалникот Биљал Касами.

 

Слични содржини